skip to Main Content

Врховните судии не прецизираат дали сами ќе се спасуваат од разрешување

Врховните судии не прецизираат дали сами ќе се спасуваат од разрешување
  • 11.07.2019

Врховните судии не прецизираат дали самите ќе се спасуваат од разрешување. Поставуваме по Устав, законите, меѓународните ратификувани договори, праксата на Европскиот суд за човекови права е одговорот на Врховниот суд каде шефува Јово Вангеловски. Врховен, информира дека судиите кои постапуваат по конкретни предмети секогаш барале изземање, дури за одлуки на Општа седница.

„Само за илустрација, во текот на минатата година се донесени вкупно 150 решенија за изземање на судии, од кои 146 се донесени врз основа на барање на судија. Таквата пракса ќе продолжи и во иднина, независно од надворешни влијанија, затоа што судиите се самостојни и независни во носењето на судски одлуки“, се вели во кусото соопштение на Врховен суд, од каде реагираа на ставот на Државната комисија за спречување на корупција.

Антикорупциска вчера на врховните судии им посочи дека е судир на интереси ако сами си се спасуваат од разрешување. Токму судскиот совет има постапки за одговорност на 9 врховни судии, меѓу кои и претседателот на највисокиот суд, Вангеловски.

„Државната комисија смета за потребно да укаже на тоа дека, судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија против кои се отворени постапки во Судскиот совет на Република Северна Македонија за разрешување од функциите, не треба да учествуваат во расправата и одлучувањето на општата седница каде ќе се утврдува начелното правно мислење по поднесените горенаведени иницијативи“, потенцираше антикорупциската комисија.

Шефот на Врховен Вангеловски во меѓувреме се предомислувал кога да ја закаже општата седница. Кој закон ќе важи при нивно евентуално разрешување? Поблагиот или построгиот? Да се решеле засегнатите судии. Иницијативата до Врховен ја поднесоа двајца адвокати кои побараа Врховниот суд да донесе начелно правно мислење, со кое наместо стариот Закон за судови, според кој е покрената постапката за еден судија, да важи, новиот поблаг закон за утврдување судска одговорност.

Игор Стефановски

Back To Top