skip to Main Content

Впечатоците од првите чекори на Северна Македонија во НАТО во Централниот дневник на 1ТВ

Впечатоците од првите чекори на Северна Македонија во НАТО во Централниот дневник на 1ТВ
  • 15.02.2019

Во Централниот дневник на 1ТВ, уредникот Сашо Ордановски, кој во седиштето на НАТО во Брисел известуваше за првите чекори на Северна Македонија во Алијансата на самитот на министрите за одбрана, ги пренесува впечатоците.

Како што раскажува, министерката за одбрана Радмила Шекеринска учествуваше на редовниот состанок на министрите за одбрана на Северноатлантскиот Совет, највисокото тело на НАТО, кое се состанува по два пати годишно на ниво на министри за одбрана и за надворешни работи. Годинава, 70-годишнината од основањето на најголемата безбедносна алијанса на светот која во моментов покрива над милијарда луѓе, ќе се обележи во Лондон, каде што е потпишан Договорот за НАТО.

-Напорите се зад сцената Македонија да заврши со ратификацијата во парламентите на земјите членки за да може да биде примена во полно светло, бидејќи сега учествуваме на состаноците, но немаме право на глас, вели Ордановски.

Целиот разговор со него можете да го погледнете во видеото од Централниот дневник.

Back To Top