skip to Main Content

Во сабота 14. издание на „Бела ноќ“ – уметност и култура до раните утрински часови

Во сабота 14. издание на „Бела ноќ“ – уметност и култура до раните утрински часови
  • 04.10.2018

Во сабота во Скопје се одржува „Бела ноќ“, а за 14-тото издание на 29 локации ќе бидат организирани настани како кико на кров во ГТЦ, ролер диско во галеријата „Градот убав“ и изложба на детски цртежи во Детскиот културен центар Карпош, информира координаторката на манифестацијата Соња Исмаил Огненовска.

Вклучени се две средни училишта, гимназијата „Никола Карев“ со голема свирка на малите бендови и гимназијата „Орце Николов“ со театарска претстава „Образование, абе ајде“.

Во МКЦ ќе има изложба на разгледници од постземјотресно Скопје, изложба „Архитектура помеѓу архитектурата“ и „ПМГ рекордингс фестивал“. Во Музејот на современа уметност ќе се одржи концерт на Дуња Иванова и Ана Пандевска – „Градот убав и градот шугав – свита за Скопје“ и проекција на филмот „Метеори“.

Поопширно за програмата на „Бела ноќ“ погледнете во видеото.

Back To Top