skip to Main Content

Во рубриката „Македонци низ светот“ разговараме со Филип Бујаровски од Њујорк

Во рубриката „Македонци низ светот“ разговараме со Филип Бујаровски од Њујорк
  • 04.10.2018

Во рубриката „Македонци низ светот“ разговараме со младиот Филип Бујаровски, кој живее и работи во Њујорк, но во моментот на нашиот скајп разговор е во Хјустон, Тексас. Заминал од земјава во 2014 кога кога завршил средно и се запишал на Харвард.

Работи за компанија по име „Палантер“ како дата инженер и им помага на компаниите да си ги организираат податоците на паметни начини за да извлечат интересни заклучоци од нив. Канцеларијата му е во Њујорк, но често патува низ целата земја, во зависност од седиштето на компанијата клиент.

-На Харвард се запишав главно и поради тоа што имав добри прилики во средно, се одев на натпревари по математика и дебата. Бев малку поуспешен во дебата отколку во информатика и мојот тим, заедно со двајца други луѓе од Младинскиот образовен форум, македонската организација што организира настава по дебата, освоивме петто место на едно светско првенство, што веројатно беше доволно да бидам забележан од Харвард, вели Бујаровски за неговите почетоци.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top