skip to Main Content

Во поликлиниката „Идадија“ со хартија обележани 15 спорни вакцини за МРП

Во поликлиниката „Идадија“ со хартија обележани 15 спорни вакцини за МРП
  • 17.01.2019

Во поликлиниката „Идадија“ има 15 од спорните вакцини против мали сипаници со погрешна декларација. Здравство ја отвори вратата за камерата на 1ТВ, која регистрираше дека се чуваат во истиот ладилник заедно со преостанатите вакцини, но во посебна фиока.

Овој лист ги предупредува здравствените работници дека вакцините не се за користење, така и тврдат. На спорните вакцини има погрешна декларацијата на која пишува дека рокот на траење е до октомври 2018, а на самата вакцина е вметнат рокот до мај 2019. Овие вакцини треба да бидат земени од агенцијата за лекови МАЛМЕД. Иако од спорните 635 МРП вакцини, министерството за здравство тврди дека се повлечени речиси сите, сепак, нема не се знае дали вакцините со погрешна декларација се искористени.

На фирмата „Македонијалек“ и следи парична казна, а министерот Филипче очекува тоа да биде највисоката. Најави одговорност и за здравствените домови и вакциналните пунктови кои не ги забележале спорните декларации. Епидемијата на морбили беше прогласена пред половина месец, има десетина случаи, вакцинирани се повеќе од 2.500 дечиња, што бројката е далеку на предвидената од околу 15.000.

Игор Стефановски

Back To Top