Во двобој: Едина Муса и Марко Новески одиграа партија кошарка (ВИДЕО)

Важи за една од најдобрите кошаркарки кај нас, која игра во дресот на КК „Вардар“, но и по она што ја одбележа последниов период, а тоа е нејзината втора љубов – фитнесот.
Со освоено 12-то место на Светското првенство во фитнес (2017 IFBB World Fitness Championships) во Бијаритс, Франција, но и како професионален фитнес модел, пред камерата на 1ТВ, Едина Муса влезе во улогата на тренер. Овој пат, во свои раце го зема ТВ и радио водителот Марко Новески. Поминаа првичните тренинзи, па преминаа на краток натпревар. Очекувањата не беа исполнети како што првично се настапи и резултатот излезе поразителен.
„Има потенцијал, но за желба не знам. Ќе видиме понатаму.“ – изјави Едина Муса за 1ТВ, додавајќи дека доколку би играле повторно со Марко, тоа би било од спротивна екипа, зашто како што вели не сака да губи.
Погледнете го прилогот подолу.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.