Водици во Охрид се слави со векови – разговор со историчарот Никола Митровиќ-Бабе

Следејќи ја религиската историја, преку пишаните податоци на Св. Климент Александриски, Богојавление се спомнува веќе од 3-тиот век од нашата ера, па се до 5-тиот век се слави во континуитет заедно со христовото рожденство. Од 5-тиот век, Богојавление како празник се слави самостојно, објаснува за 1ТВ историчарот Никола Митровиќ – Бабе.
-Градот Охрид дише со овој празник, поради убавото езеро и традициите кои охриѓани ги негуваат. Спомените на Ефтим Спространов раскажуваат дека охриѓани будно ја чекале глувата доба во ноќта пред Богојавление бидејќи се сметало дека ако се погледне во небото, се исполнувале одредени желби. Од 1912 се до 1945, Богојавление во Охрид се слави на многу интересен начин. Постоеле три централни цркви во градот, каде што се собирале тајфите, а потоа доаѓале кај чинарот и се упатувале кон езерото, каде што владиката го фрлал светиот крст, раскажува тој.
Целиот разговор со него погледнете го во видеото.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.