skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на јавен оглас бара членови и претседатели на републичките комисии и го ажурира членството

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на јавен оглас бара членови и претседатели на републичките комисии и го ажурира членството
  • 12.11.2018

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека поради, како што велат, загрижувачката состојба во Република Македонија, како партија ќе се спротивстават на назадувањето преку понуда на проекти и решенија. Заради ова, ќе го ажурираат членството со луѓе кои  ќе нудат решенија и предлози, но и кои ќе изработат сопствена понуда ангажирајќи ги најдобрите капацитети  и најдобрите поединци и професионалци во оваа држава.

Затоа, на последната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука за распишување на Јавен Повик: За интерес за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

-Повикот ќе трае до 15-ти декември 2018 година. Кандидатите за Членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават мотивационо писмо, биографија (CV), истиот овој Јавен Повик ќе биде објавен и во дневниот печат и на официјалниот сајт на партијата, информираше генералниот секеретар на партијата Игор Јанушев.

Како што рече, се поттикнуваат сите оние кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата да се пријават.

Втората одлука донесена на последната седница на Централниот Комитет била за ажурирање на членството, кое ќе почне од 01.12 и ќе трае 3 месеци.

-Ги повикувам сите членови кои ги споделуваат ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ да се обратат односно да ги посетат општинските комитети и да го ажурираат своето членство, односно податоците во истото. Се оди чекор понапред и се следат современите текови, односно новина е тоа што овој пат членските книшки, по завршување на ажурирањето, ќе бидат со модерен изглед слични на пример со личните карти кои што секој ги има полнолетен граѓанин, рече Јанушев.

Back To Top