skip to Main Content

ВМРО-ДПМНЕ: Денеска Македонија не доби аплаузи, туку шамари (Видео)

ВМРО-ДПМНЕ: Денеска Македонија не доби аплаузи, туку шамари (Видео)
  • 11.07.2018

Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија денеска не добила аплаузи, туку добила шамари. Од партијата сметаат дека земјава не добила ниту безусловна покана за НАТО, ниту датум за почеток на преговори со Европската Унија, туку со СДСМ доживува дипломатско фијаско.

Македонската дипломатија крахираше и за тоа мора да се понесе одговорност. Како што нема резултати во ниеден реален сектор во животот, нема во економијата, здравството, образованието, нема ниту еден напредок во земјоделието, така нема резултати ниту во интегративните процеси. Зоран Заев и неговата влада само нижат порази, нема ниту една победа, изјави портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

Back To Top