skip to Main Content

Вмровски махинации со партискиот имот: Голготата на Бежовски со „фамилијата“

Вмровски махинации со партискиот имот: Голготата на Бежовски со „фамилијата“
  • 01.02.2019

Денешното Отворено Студио 1 го завршуваме со гостувањето на адвокатот Александар Бежовски, кој раскажа за својата голгота за која отворено зборува со спомнување на имиња од членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за заканите, притисоците и криминалите од „фамилијата“, борбата против УБК и како што и самиот тој кажува голготата завршува во 2012 година, а се останато е приказна за на телевизија.

„Приказната почнува поодамна како член на младинската на ВМРО ДПМНЕ, се вработувам во мвр во време на Доста Димовска во 2000 година на почетокот на преговорте за стабилизација и асоцијациа со ЕУ за да дојдеме до истражувањата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ купени од 1998 до 20о2 во време на Георгиевски. Павле Трајанов пред уставниот суд покрена постапка и тој пресече дека партиите не може да остваруваат приход од кој го поседуваат“, рече Бежовски.

Разговорот започнува за фирмата „Тунис Линеа“, која по преземањето го менува името поради лошиот имиџ во јавноста.

„Јас бев пријател со Сашо Андоновски кој беше управител и содружник во фирмата и преку разговори дознавме дека има тешкотии во работењето и дека е прогонувана од тогашната власт. Јас после конрегсот на ВМРО-ДПМНЕ во 2003 година ја преземам фирмата, летото 2003 направив анализа кои се обврските, побарувањата, објектите со кои се раполага итн. Ништо нема незаконски. Целото раководство е во хаос, бидејќи имаме во притвор раководители од партијата и од мене Андоновски побара да ја преземам фирмата. Во септември давам отказ од царина и ја преземам фирмата. Еден од условите беше да се смени името за да се изгуби лошиот имиџ во јавноста како партиска и мојата обврска беше тој имот да го департизирам“, објасни гостинот, кој додаде дека во септември 2004 година се случува расколот во партијата.

Потоа Бежовски почнува да се сомнева дека неговото име се користи за перење на пари.

„До 2007 година оди се нормално без закани и нереални барања. Двете кррила во ВМРО-ДПМНЕ постапуваат рационално. Јас тој период бев во Америка и добив телефонски повик од Јово Вангеловски и мене ми стана сомнително. Кога се вратив не ми одговараше на повиците, ни он ни адвокатката. Направив увид, напишав барање и видов дека адвокатката во март месец не се појавила на рочиште и тужбата се сметала за повлечена и автоматски донеле решение дека се смета дека е повлечена, адвокатката поднела погрешен правен лек, поднесува жалба до апелација, а јас тоа го откривам 4 месеци подоцна. Тогаш почнав да се сомневам дека моето име ќе се искористи за перење на пари. Пуштив дописи секаде“, рече Бежовски, која продолжува со објаснување за тоа како доаѓа до првите закани.

„Јас нормално живеам се до моментот на ликвидација на македонска банка. Со денот на објавување на ликвидацијата, тие групации кои сега се определни или неопределни сфаќаат дека јас како Соник Естејт ќе има чист имот, а сме ги нарушиле меѓусебните односи и со Груевски и со Георгиевски. Во тој момент некои од нив реагираат порисебно, некои не па со уцени и закани сакаат да префрлам удел на некои луѓе. Тогаш добив мејл кој гласеше – Дали ти знаеш со кого си имаш работа. Имав неколку физички напади, се одбранив пријавив во полиција. И Јанкуловска ја имам пријавено, но законси записник нема никаков“, објасни Бежовски кој инаку поседува американско државјанство и ја известил американската амбасада во Скопје за заканите упатени кон него.

Целиот разговор за голготата на Бежовски и секојдевните притисоци и закани, погледнете во видеото.

Back To Top