skip to Main Content

Власта прво ќе убедува а ако не успее во тоа ќе распише предвремени парламентарни избори

Власта прво ќе убедува а ако не успее во тоа ќе распише предвремени парламентарни избори
  • 03.10.2018

Власта ги разреши дилемите. Прво ќе ја убедува опозицијата да ги поддржи уставните измени, но доколку не најдат заеднички јазик, ќе распише предвремени парламентарни избори. Топката според портпаролот на Владата е во Собранието и таму треба да се обезбеди дво-третинско мнозинство за да поминат измените, но спротивно, неизбежна е втората опција, процес за избор на нови пратеници.

– Сметаме дека пратениците на опозицијата треба да ја почитуваат волјата на граѓаните во Собранието без никаква дилема. Во однос на разговорите тоа прашање треба да го адресирате кон политичките субјекти кои што се дел од Парламентот. Нашиот став како Влада е тоа, разговорите со пратениците и обезбедување на дво-третинско мнозинство во Собранието. Се разбуира, доколку се исцрпат овие можности, најавени се како втора алатка во секоја демократија, тоа се предвремени избори, изјави Бошњаковски.

Преговорите меѓу мнозинството и опозицијата мора да бидат брзи а исход од нив треба да има во следните неколку денови и да се пресече дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат уставните измени или ќе бидат распишани нови избори, вели аналитичарот Алберт Муслиу. Според него ниту Заев ниту Мицкоски немаа многу простор за маневрирање, бидејќи мора да се запазат роковите за имплеметирање на обврските од договорот со Грција. Во овој случај не постои можност 100 дена пред денот на изборите со државата да раководи Пржинска влада, нешто што беше договорено на последната лидерска средба, вели Муслиу.

– После тоа што се случи на референдумот непредвидливи се дејствијата на ВМРО-ДПМНЕ, но во секој случај временскиот лимит е тој што ги ограничува нивните маневарски движења. Така да или ВМРО-ДПМНЕ ќе им сугерира на пратениците да ги поддржат уставните измени или ќе се објават предвремени избори, за што бројките ги има мнозинството. Така да тука временската рамка е многу лимитарана да може други активности кои се од поширок каракатер, евентуално и да се праедвидат, вели за 1ТВ, Муслиу.

Во една од последите изјави за медиумите, премиерот Заев истакна дека нови избори можно е да се оддржат на 25 ноември, а за тоа да се случи Собранието треба да донесе одлука за распишување најдоцна до 10 октомври. Тоа остава простор за евентуално преговарање меѓу партиите уште само една недела.

Антонио Крстевски

Back To Top