skip to Main Content

Власта бара опција „Б“ за двотретинско мнoзинство за уставните измени?

Власта бара опција „Б“ за двотретинско мнoзинство за уставните измени?
  • 23.11.2018

Власта бара опција Б за двотретинското мнзоинство за уставните измени, доколку се премислат дел од осумтте пратеника на ВМРО-ДПМНЕ што претходно го стиснаа зеленото копче во Собранието. Дали притворот на Мијалков го стави под знак прашалник конечното гласање за кое е потребно најмалку 80 гласови?

Виси ли во воздух двотретинското мнозинство за уставните измени потребни за спроведување на Договорот од Преспа, по апсењето на екс директорот на УБК Сашо Мијалков. Неофицијално 1 ТВ дознава дека власта веќе работи на евентуално ново мнозинство доколку дел од осумтте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ одлучат да не гласаат за уставните измени во третата фаза која според предвидената реализација на Договорот од Преспа треба да биде околу 20 јануари. Инаку  и денеска нема средба на телото за помирување за собраниските инциденти на 27 април. Независната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Емилија Александрова за 1ТВ вели дека,  обврските во Собранието го одложиле најавениот состанок. Без да открива детали рече дека  немаат проблеми и оти работат на текстот на законот со кој треба да бидат опфатени учесници од ланските инциденти. Најави дека од понеделник ќе има средба на телото на која  ќе биде презентирана нацрт верзијата на Законот.

За дел од медиумите Александрова  неодамна изјави дека  било чие приведување не оди во прилог на процесот за помирување. Александрова е еден од осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени а подоцна беа исклучени од партијата. Во јавноста се шпекулираше дека токму уапсениот поранешен директор на УБК Мијалков ги убедил да гласаат за уставните измени а со тоа да дадат и поддршка на Договорот од Преспа и дека сега откако Мијалков е во затворот Шутка можно е тие да се предомислат. Извори од мнозинството во Телото за помирување,  за  1ТВ велат дека нема причина зошто некој од   осумтемина  пратеници  не би ги гласале уставните измени и во третата фаза  за која треба двотретинско  мнозинство бидејќи не се поврзани со апсењето на лица за криминал. На први декември е закажана седницата на која ќе се најдат уставните амандмани за кои се потребни 61 глас. Рокот за расправата за секој амандман поединечно е три дена.  По нивното изгласување ќе има јавна расправа која ќе трае пет дена.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top