skip to Main Content

Високото образование, спроведувањето на правдата и реформите во судството – фокус на Студио 1

Високото образование, спроведувањето на правдата и реформите во судството – фокус на Студио 1
  • 26.06.2019

Денешното Отворено Студио 1 со Влатко Чаловски и Јана Јосифоска го започнавме со потсетување на вчерашното гостување на ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Сашо Коруновски и Атанас Кочов од Машинскиот факултет кои говореа за високото образование како една од клучните алки во развојот на државата.

Понатаму погледнавме и дел од „Правда и неправда“ за тоа колку е оправдана перцепцијата за етничката наклонетост во судските одлуки и дали е потребна анализа на ОБСЕ за да се отстрани сомнежот? За тоа каква е улогата на Врховниот суд во спроведување на правдата, ветингот на судиите, реформите, позицијата на СЈО – гости на Гордана Дувњак беа врховниот судија Шпенд Деваја и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

Судовите конечно почнаа по итна постапка да ги решаваат случаите на напади на полицајци. Последниот случај беше вчера во Тетово, кога полицискиот службеник се здоби со тешки повреди, а неговиот напаѓач доби осумдневен притвор.

-Можеби е една од ретките итни постапки кои се воделе пред судовите за оваа причина. Пред месец ипол на панел дискусија разговаравме за неажурноста на Јавното обвинителство и судовите кога се работи за напади врз службени лица. Тие си ја префрлаат вината еден врз друг, а трпиме ние, полициските службеници, изјави во Централниот дневник Златко Цветковски, претседател на Синдикатот на полицијата.

За крај од овој блок на Отворено Студио 1 се потсетивме и на разгворот со кројачот и стилист Изет Цури, кој говореше за македонската мода, и разликите помеѓу стилот и кичот.

Отвореното Студио 1 погледнете го во видеото:

Back To Top