(Видео) 1ТВ од Будимпешта: Орбан го штити Груевски на барање на Русија

Екипата 1ТВ во Будимпешта дознава од нивните унгарски информатори дека унгарскиот премиер Виктор Орбан го штити екс премиерот Никола Груевски на барање на Русија.
Новинарката Кристина Атовска од пред луксузниот хотел „Коринтија“ во центарот на градот известува дека токму овде бегалецот ја поминал првата ноќ во Будимпешта, откако ја напуштил земјава меѓу 8 и 9 ноември.
Темата за Груевски е поголема во Унгарија отколку што се мисли во Македонија. Според тамошните аналитичари, од ова прашање зависи каков правец ќе заземе земјата, дали ќе остане европска држава или ќе се сврти кон Русија, затоа што Орбан го штити Груевски токму на барање на Москва
Сепак, проценките се дека нема да може да добие азил според процедурата, затоа што според досегашната пракса Унгарија не дава азил на луѓе од земји во кои нема војна и секуларни држави. Ако сепак добие азил, тоа ќе биде одлука на Орбан, политичка, а не правна.
1ТВ ексклузивно дознава од своите информатори во Унгарија дека Груевски го поднел барањето за азил веднаш по пристигнувањето. Процедурата во оваа земја трае 60 дена, но скратената постапка трае само 15 дена.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.