skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) 1ТВ во Унгарија: Трагата на Груевски води до вилата на Орбан

(Видео) 1ТВ во Унгарија: Трагата на Груевски води до вилата на Орбан
  • 14.11.2018

Побегнатиот премиер Никола Груевски во моментов се наоѓа во вилата на унгарскиот премиер и негов последен поддржувач Виктор Орбан, откако првата вечер во Унгарија ја поминал во хотелот „Коринтија“ во Будимпешта.

Ова е ексклузивната информација што ја пренесе екипата на 1ТВ која е на околу еден час од Будимпешта, по трагата на Груевски, додека нивното патешествие го следат информатори кои ги дојавуваат последните информации.

Екипата на 1ТВ тргна по непотврдени информации за тоа каде се наоѓа, а нешто по 18 часот, како што објаснува новинарката Кристина Атовска, кога заедно со снимателот излегувале од Скопје, ја добиле информација од МНР и МВР дека Груевски е навистина на унгарска територија.

Тој и самиот објави дека ќе бара азил во Унгарија, но како што претходно рече преку линковско јавување во Студио 1 претседателот на Кривичен Иван Џолев, нема основа за тоа, особено ако причина се заканите по неговиот живот.

Новинарката Атовска најавува дека во текот на утрешниот ден екипата заедно со нивните информатори во Будимпешта ќе ги посети сите места каде што би можел да биде Груевски, а од нив веќе дознале дека пред да замине во вилата на Орбан, првата вечер преспал во хотелот „Коринтија“.

Проценките се дека кога ќе се побара политички азил, се додека домицилните органи не одобрат, барателот, кој и да е, ако се придржува Унгарија до Европската Конвенција, треба да биде изолиран во домашен притвор, а не да шета како слободен граѓанин.

Претходно, унгарските служби на новинарско прашање изјавија дека не даваат коментар додека не завршат сите постапки, со што индиректно потврдија дека Груевски побарал азил.

Се поставува прашањето дали е достапен за македонското дипломатско претставништво, а Груевски го бара и Интерпол, затоа што веќе неколку часа по него има распишано меѓународна потерница. Случајот го отвори и прашањето со чија помош поминал низ Србија до Унгарија.

За повеќе одговори, новинарката Кристина Атовска ја чекаме со ново јавување од Будимпешта во вестите во 10 часот.

Back To Top