(Видео) Шилегов: Патриотизам е кога работиме за граѓаните, кога обезбедуваме мирна сегашност и светла иднина

„Овој датум, силно врежан во нашата историја e паметник на државноста и водилка кон иднина. Многу неизвесности беа дел од тој 8 септември 1991 година, кога трганвме да чекориме како независна, суверена и демократска која имаше амбиции да стане рамноправен партнер со светот, полноправна членка на ЕУ и НАТО“, сподели денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на прославата во Пеленица.
„Денес, 28 години подоцна, неизвесноста ја нема. Чекориме сигурно кон ЕУ и НАТО. Заслужено стануваме членка на НАТО до крајот на годината, а веќе есенва со право очекуваме почеток на преговорите со ЕУ. Но и пред 28 години и денес, СДСМ е таа која ја има обврската да обезбеди сигурна и стабилна сегашност, да обезбеди мирна и светла иднина“, изјави Шилегов.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.