(Видео) Шекеринска во „Лица“: Пред државата стои уште работа, но ставена е на поздрави нозе

Пред партиите да ги објават кандидатите кои ќе ја трчаат претседателската трка, често се споменуваше името на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Како што вели, да сакала да биде кандидат за претседател, денеска ќе била тоа, но како што вели, како и секогаш, не се водела од тоа што е корисно за неа, туку што е корисно за партијата и за државата.
-Мислам дека во овој момент Стево Пендаровски е вистинското решение, не за СДСМ, не за мене, туку за Македонија, вели Шекеринска.
Како што додава, секогаш знаела да стави приоритет, како тоа дека се важни членството во НАТО и ЕУ.
-Чувството дека сте учествувале во двата најважни и најтешки процеси за опоравување на својата земја за мене нема цена, изјави Шекеринска.
Како што вели, како оптимист, смета дека пред државата стои уште работа, но е ставена на поздрави нозе.
Целата емисија „Лица“ можете да ја погледнете во видеото.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.