skip to Main Content

(Видео) „Црвен Крст“ со изложба за да ги поттикне студентите да волонтираат

(Видео) „Црвен Крст“ со изложба за да ги поттикне студентите да волонтираат
  • 10.05.2019

Со прекрасни постери, младите студенти го одбележаа јубилејното 100 годишно постоење на „Црвениот Крст“. 8 мај се одбележува и како роденден на основачот на „Црвен Крст“ Анри Динан.

Целта на настанот е да се привлечат што поголрм број студенти-волонтери за да се промовира колку волонтерската работа е неопходна. Претставничката на „Црвен Крст“ Скопје подетално ни ја објасни изложбата.

Постерите кои беа изложени во „Јавна Соба“ во Скопје, беа креиативни изработки на студенти кои имаат голема желба да влијаат на помошта кај црвениот крст. Менторката Даниела Спасова, ги пофали трудовите на студентите кои изработиле креативни постери за да ја покренат свеста за крводарителствотот како и донирањето кон црвениот крст.

Претседателот на црвениот крст им изрази благодарение на младите студенти кои со својата креативност се обиделе да го привлечат вниманието на младите да се приклучат кон волонтерската дејност на „Црвениот Крст“.

Овој настан претставува  изложба која има за цел да ја подигне свеста за волонтерската работа особено кај младите , бидејќи 100-годишниното одбележување се води под мотото „Љубов“  и постерите беа изработувани од страна на студенти по графички дизајн „Семос“.

Back To Top