skip to Main Content

(Видео + фото) Тринаесет загинати, петмина се борат за живот по автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово

(Видео + фото) Тринаесет загинати, петмина се борат за живот по автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово
  • 13.02.2019

Голем број повредени и 13 загинати во автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово кај село Ласкарци во близина на Сарај, потврди министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција. Седум починале на лице место, а петмина во болница, по неуспешен обид за реанимација. За некои од повредените кои се со политрауми на повеќе системи се подготвува хируршка интервенција, а полесно повредена е и бремена жена.

-Во болницата „8 Септември“ се примени 25 пациенти, 22-ца се хоспитализирани, а тројца се полесно повредени и веројатно ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четири пациенти се на одделот за интензивна нега и двајца се подготвуваат за хируршка интервенција. Во Ургентниот центар во Скопје се примени вкупно 5 пациенти, од кои тројца со полесни повреди, една од нив е бремена жена која ќе биде пуштена на домашно лекување, еден од пациентите се подготвува за хируршка интервенција, а петтиот е во тешка животнозагрозувачка состојба и една пациентка е префрлена во старата градска болница. Вкупниот број на загинати лица е 13. Искрено жалам. Изреагиравме веднаш кога ја добивме информацијата, за исклучително кратко време сите екипи на итна помош беа на самото место, дадовме соодветна помош и го продолжуваме лекувањето на пациентите во болниците, изјави Филипче.

Како што додаде Филипче, нема настрадани деца, но има луѓе на помлада возраст од 25-30 години. За сега се знае само идентитетот на примените пациенти во контактибилна состојба, полицијата работи на идентификување на останатите.

Тој потврди дека полицијата разговарала со возачот на автобусот, за кого претходно некои медиуми јавија дека претрпел срцев удар што довел до несреќата.

Инаку на терен биле излезени сите возила на брзата помош, заедно со противпожарни и полициски возила. Пожарникарите влегувале внатре во автобусот за да ги вадат повредените патници – прво го подигнале со багери, а потоа со специјалната опрема се направил отвор и влегувале низ него.

-Извадивме 18-19 повредени, најпрво бремена жена, потоа останатите кои даваа знаци на живот. Моравме со багери на жителите да интервенираме оти автобусот беше многу уништен. Интервениравме со 4 противпожарни возила и 10 пожарникари. Се движел по автопатот Скопје-Тетово и потоа пресекол три ленти и излетал преку стариот пат во провалија, изјави за медиумите командантот на противпожарната служба Владимир Симоновски.

Тешката сообраќајна несреќа се случи кога автобусот кој патувал кон Тетово со 50-тина патници, ја пробил заштитната ограда, преминал на другата страна од коловозот, ја пробил и другата заштитна ограда и се превртел во нива по пад од 4-5 метри.

Според очевидци, први на помош да ги извлечат заглавените притекнале луѓе кои се нашле на местото.

Станува збор за автобус на компанијата „Дурмо Турс“. Поради сообраќајната несреќа, затворен е автопатот Скопје-Тетово во насоката од Тетово кон Скопје, а се регулира од Скопје кон Тетово.

Aksident i rëndë në autostradën Shkup -Tetovë

Posted by Alsat on Среда, 13 февруари 2019

 

 

Back To Top