skip to Main Content

(Видео) Филипче и Рашковски се упатија кон местото на автобуската несреќа во Лесковац

(Видео) Филипче и Рашковски се упатија кон местото на автобуската несреќа во Лесковац
  • 16.12.2018

За автобуската несреќа во Србија, од МНР за 1ТВ соопштија дека за сега официјално од српските власти ја имаат добиено само информацијата во врска со превозникот, а тоа е дека станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC.

-Се чека на дополнителни инфорамции, потврда за број на загинати и повредени и други информации поврзани со несреќата. Веднаш штом ќе добиеме потврда од српските власти, ќе информираме, додаваат од МНР.

Министерот за здравство Венко Филипче, генералниот секретар на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на РМ во Белград се упатуваат кон местото на несреќата, информираат од МНР за 1ТВ.

Back To Top