skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

(Видео) Филипче за 1ТВ: Илина е премала за МРП – Сакав да докажам дека имунизацијата е безбедна и важна

(Видео) Филипче за 1ТВ: Илина е премала за МРП – Сакав да докажам дека имунизацијата е безбедна и важна
  • 12.01.2019

Епидемијата на морбили расте со алармантна брзина. Шест нови случаи биле регистрирани денеска, откако биле хоспитализирани на инфективната клиника. Во моментов има 20 болни од морбили, од кои 18 деца и двајца возрасни, соопшти денеска Министерството за здравство. Министерот Венко Филипче, кој се најде на мета на социјалните мрежи откако објави слика од вакцинирање на неговата внука, за 1ТВ вели дека вообичаено не коментира фејсбук објави, бидејќи смета дека шпекулациите дополнително ја поткопуваат довербата и одат на штета на јавното здравје.

„Точно дека Илина е премала за МРП вакцината, затоа оваа вакцина ја прими во нога. Намерата ми беше да докажам со личен пример дека имунизацијата е безбедна и дека е многу важна за здравјето на сите граѓани“ – рече Филипче.

Меѓутоа револтот на социјалните мрежи по појавата и експресното ширење на морбили и натаму не стивнува. Дополнителни сомнежи се отворија по податоците на Државниот завод за ревизија кој низ неколку здравствени домови во земјава откри 635 кутии МРП вакцини со декларации со поминат рок. Тие ќе бидат повлечени, но се уште нема информација дали биле пронајдени уште такви вакцини во другите градови, иако за денеска Министерството најавуваше повеќе податоци.

Најголем број случаи до сега се регистрирани во населбата Аеродром-Ново Лисиче, за кои утре ќе се потврди или отфрли дијагнозата на морбили. Сепак, сите ново примени пациенти имаат клиничка слика на пациенти заболени од мали сипаници.

„Досега, во сите вакцинални пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 1,894 лица, а само денесka вакцинирани се 30 деца. Уште еднаш повикуваме на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили. Има доволно количини од МРП вакцините. За време на викендов вакциналните пунктови во Центар, Карпош и Јане Сандански, ќе работат само прва смена од 7.30 до 13 часот“ – соопшти денеска Министерството за здравство.

Иако се уште не се знае дали зимскиот распуст ќе биде продолжен поради прогласената епидемија, Министерството за здравство најавува дека по почетокот на учебната година ќе биде спроведена теренска вакцинација низ училиштата.

Христијан Баневски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top