skip to Main Content

(Видео) Три кривични за лажниот стечај на ТЕ-ТО, сметката на компанијата потешка за 800 милиони денари, останатите со празни раце

(Видео) Три кривични за лажниот стечај на ТЕ-ТО, сметката на компанијата потешка за 800 милиони денари, останатите со празни раце
  • 21.06.2019

Кривична пријава заработија претседателот на Управниот одбор на ТЕ-ТО, стечаен судија и нотар за предизвикување лажен стечај. Првопријавен е претседателот на Управниот одбор кој се товри дека минатата година со пречекорување на своите овластувања, без одлука на Управен, Надзорен одбор и Акционерско собрание, неовластено склучил анекси, нотарски договори и поднел барање за стечајна постапка со план за реорганизација.

Стечајната судијка е второ пријавена. Таа не си ја извршила должноста со тоа што го усвоила планот за реорганизација и ја отворила стечајнат постапка.

Нотарката е третопријавена бидејќи не го утврдила ограничувањето на овласувањата на претседателот на Управниот одбор на ТЕ-ТО и ги заврила анексите и актите.

Сметката на ТЕ ТО станала потешка за речиси 8 милиони денари, а сите останати кои имале побарувања од ТЕ-ТО останале со празни раце. Од финансиската полиција велат и дека има основано сомнение за делото перење пари и други приноси од кривично дело.

Back To Top