skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно
Лидерската средба неизвесна
Апостолакис за МИА: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа
Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Тетово станува центар на културата

(Видео) Тетово станува центар на културата
  • 08.02.2019

Министерот за култура Асаф Адеми, изгледа не ја научи лекцијата од неговиот претходник Робер Алаѓозовски. Скандал повторно го тресе министерството, откако денес ја објавија годинешната програма, што предизвика бура од реакции во јавноста.

Адеми ќе дава пари за тетовски, но не и за познати скопски фестивали како што е Скопскиот Џез фестивал и Оффест. Годинава страда и Таксират-буџетот е видно намален. Не биле прифатени ниту проектите на Авалон продукција.

Иако 1 тв се обиде да стапи во контакт со министерто Адеми, истиот не одговори.

Но, затоа  долгогодишни познати уметници се кренаа на нозе. „ Дупло дно“, „хорор“, „очај, се дел од нивните коментари.

Режисерката Зоја Бузалковска во отвореното писмо до премиерот Зоран Заев вели дека си поднесува оставка од Советот за култура, но и дека очигледно е  дека станува збор за национализам и проценување пред сè по критериум „етничка припадност“, а не по квалитет на предложеното, се работи.

На Бузалковска и се приклучи и екс советничката во министерството за култура Донка Барџиева Трајковска.

Музичарот Златко Оригански на својот фејсбук профил напиша:  Милион пати ќе повторам, независно од вашите желни и амбиции не се нафаќајте да бидете министри онаму каде темите и работите ви се непознати и на тој начин правите финансиски штетит и карикатури од институцијата

Изгледа дека во моментот на етничкото делење на колачот партиите се договараат секој да си дискриминира колку што сака во министерството кое си го добил и на тој начин ќе се избалансираат работите и сите ќе бидат еднакви во неправото, реагира професорката Мирјана Најчевска.

Најмногу пари годинава добиено Здружението „Артал“ од Тетово, вкупно 3,5 милиони денари или 56 илјади евра за фестивал „Меридианс“ и за концерт „Класик и рок мјузик“. Наспроти ова, скопскиот „Таксират“ добил само 500 илјади денари, иако барале 6 милиони. Исто толкава сума колку и „Таксират“ добило здружението „Елизиум“ со концерт со млади во Тетово.

Елена Милошевска

Back To Top