skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

(Видео) Студио 1 во живо од граничниот премин Табановце

(Видео) Студио 1 во живо од граничниот премин Табановце
  • 12.02.2019

Денешното отворено Студио 1 со Елена Милошевска и Антонио Крстевски го започнавме со линковско вклучување на новинарот Игор Стефановски од граничниот премин Табавновце каде се очекува да бидат промените таблите од Република Македонија во Република Северна Македонија.

-Не е промента таблата и сѐ уште пишува добредојдовте во Република Македонија. Не се забележуваат ниту градежни активности што навестуваат променување на таблите. Потребно е официјално да пристигне вербалната нота од Грција, која засега според информациите од Министерството за надворешни работи не е пристигната, извести Стефановски.

Во отвореното студио се потсетивме на вчерашното гостување на претседателката на новата Државна Комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, која најави транспарентна работа на Комисијата.

Се потсетивме и на гостувањето на Професорот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски, кој зборуваше со уредникот Сашо Ордановски за НАТО и реформата на македонските безбедносни и разузнавачки служби.

Во отвореното студио гостуваше и метеорологот Славчо Попоски кој нѐ извести за тоа какво време нѐ очекува во наредните денови.

Линковското вклучување од Табановце и временската прогноза на Славо Попоски можете да ги погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top