skip to Main Content

(Видео) Столтенберг: Вратата на НАТО е отворена, само вие можете да решите да ја поминете

(Видео) Столтенберг: Вратата на НАТО е отворена, само вие можете да решите да ја поминете
  • 23.09.2018

Кон пораките до македонските граѓани во пресрет на референдумот се приклучи и Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој порача:

-Драги пријатели, повторно покажавте храброст да го пробиете вашиот сопствен пат кон независност, мир и безбедност. Историскиот договор за спорот со името ја отвора можноста за рамноправно членство во меѓународната заедница, вклучувајќи го рамноправното членство во НАТО, вели Столтенберг.

Тој потсети дека членството во НАТО ќе им ја даде на граѓаните и на нивните деца сигурноста што доаѓа како дел од најуспешната светска алијанса и ќе и даде на земјава рамноправен глас во дискусиите и одлуките на НАТО.

-Сега е време вашите гласови да бидат слушнати. Ова е можност што се укажува еднаш во животот. Вратата на НАТО е отворена, но само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат. Затоа, вашата иднина е во ваши раце. Ве чекаме во НАТО, рече генералниот секретар и додаде на македонски „ве чекаме во НАТО, ви благодарам“.

Пред Столтенберг, на македонските граѓани им се обратија австрискиот канцелар Себастијан Курц, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на македонски јазик.

Back To Top