skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

(Видео) Справување со загадениот воздух со ланските мерки – Обработката на податоци поважна од мерките

(Видео) Справување со загадениот воздух со ланските мерки – Обработката на податоци поважна од мерките
  • 07.12.2018

Граѓанските барања за чист воздух и оваа зима ќе останат само барања? Ланските препораки важат и годинава. Министерот за здравство Венко Филипче и др. Драган Ѓорѓиев најавија и мерки како намалување на работното време ако пм 10 честичките надмнат 200 микрограми. На нашите прашања зошто повторно борбата за чист воздух се сведува на препораки и зошто не се решава проблемот: министерот нагласи дека имаат обрска да ги повторат препораките и призна дека заполчнавањето на проблемот не е започнато.

„Свесни сме дека ова е проблем се провлекува многу години наназад, но решавањето сепак не е започнато. Во овој момент кога директно се соочуваме со овој проблем, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје не можеме да направиме ништо повеќе освен да излеземе со вакви мерки и совети за граѓаните“ – рече Филипче.

Докторот Драган Ѓорѓиев од Институтот за јавно здравје се пофали со современа опрема и методологија за проценка на ризиците и за правење статистика на морталитетот, но за решавање на аерпзагадувањето вели дека ништо не можат да направат.

„Нема други мерки. Повторувањето не е само обврска туку е потребно, бидејќи секоја сезона концентрацијата на аерозагадувањето е речиси иста. Воспоставена е и современа методологија за проценки на ризици која редовно се доставува до вас и до Министерството за здравство и на основа на што се анимираат овие алармни состојби и вакви контакти со јавноста. Друго од здравството немојте да очекувате“ – изјави тој.

И владата се најде повикана, а портпаролот ги нагласи последните резултати како запленети 2 тона гуми, измена на начинот на греење и дополнителните пари кои се вложени за овие мерки.

„Владата на Р.М. првпат како стратегиски приоритет ја стави борбата против аерозагадувањето. Парите кои се оделени не се на долг рок, туку моментално“ – дополни портпаролот Бошњаковски.

Докторот Ѓорѓиев им порача на граѓаните да се однесуваат дисциплинирано, но тие останаа без одговор дали и инситуциите дисциплинирано ќе се изборат за чист воздух или дисциплина и понатаму ќе бараат само од оние кои имаат најмала моќ да ги направат промените.

Кристина Атовска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top