skip to Main Content

(Видео) Спасовски: МВР ќе обезбеди мирен гласачки ден за секој граѓанин да го оствари своето свето избирачко право

(Видео) Спасовски: МВР ќе обезбеди мирен гласачки ден за секој граѓанин да го оствари своето свето избирачко право
  • 19.04.2019

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во видео порака пред изборите повика секој да го искористи своето уставно право, суверено и самосвесно да одлучува за сопствениот избор.

-Министерството за внатрешни работи, согласно своите надлежности го следи целиот изборен процес, а се со една единствена цел – денот на гласање да мине мирно, непречено и достоинствено како што прилега на едно демократско и слободно општество. Во изминатиот период полициските службеници минаа низа плански активности за квалитетно и ефикасно набљудување и обезбедување на севкупниот изборен процес од неговиот почеток до неговиот крај, рече Спасовски.

Како што додаде, Министерството за внатрешни работи е целосно подготвено да обезбеди достојна и безбедна атмосфера, во која што секој граѓанин ќе може да си го оствари своето свето избирачко право.

-Подготвени сме одлучно и бескомпромисно да го превенираме секој обид за нарушување на избирачкиот процес независно каде или од кого. Бидете сигурни дека законите и граѓанската волја ќе бидат целосно испочитувани, изјави министерот.

Back To Top