skip to Main Content

(Видео) Социјална сторија на 1ТВ: Видот на Марјан Станојевиќ е оштетен 95%

(Видео) Социјална сторија на 1ТВ: Видот на Марјан Станојевиќ е оштетен 95%
  • 20.01.2019

Очи детски кои молат за помош. На шест години сега веќе 20-годишниот Марјан Станојевиќ добива страбизам на очите и оттогаш видот му е оштетен речиси 95 посто. Не може да гледа, не може да ги извршува своите секојдневни животни потреби.

Вели дека по лекарскиот преглед во една здравствена институција во Белград му било посочено дека му се потребни 3.000 евра за операција на очите по која тој ќе прогледа. Тропнал на вратите на повеќе институции, но не добил помош. Си ветил дека сам ќе си помогне.

Почнал да бара помош од граѓаните. За 1ТВ вели дека е тешко да се дојде до толку многу пари. Живее со своите родители, за кои вели дека немаат толку пари да му дадат.

Македонската јавност веќе има слушнато за Марјан. Тој е детето кое пред неколку години беше киднапирано и однесено во Белград. По потрагата на македонската и српската паолиција беше пронајден и вратан дома. Марјан од преголема желба да прогледа им поверувал на луге, кои во една прилика му пришле, дека навистина сакаат да му помогнат тој да прогледа. Но патот до Белгрлалд завршил кобно по неговот живот. Лоши луѓе со нечесни намери и валкани желби го искористиле за свои цели.

Вели дека учел во АСУЦ, но дека поради недоразбирања со професорите морал да го напушти училиштето. Неколку месеци тој не е во училишните клупи.

Сега институциите, социјалните, образовните и здравствените се на потег. Како ќе го решат проблемот на Марјан. 1ТВ ќе ги праша зошто и по 10 години по толку тропања по вратите од раката на тинејџерот кој има само една желба да гледа – за само три илјади евра останува да биде дете кое нема да може да чекори само во животот.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top