skip to Main Content

(Видео) СДСМ бара одговор од Џафери зошто ја прекинал пленарната седница за Вељаноски

(Видео) СДСМ бара одговор од Џафери зошто ја прекинал пленарната седница за Вељаноски
  • 25.02.2019

СДСМ денеска побара одговор од претседателот на Собранието Талат Џафери зошто синоќа ја прекинал пленарната седница на која се одлучуваше за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељановски.

На прес-конференција во Собранието, координаторот на СДСМ и коалицијата Јован Митревски рече дека имало кворум за гласање и пратениците од мнозинството биле подготвени да донесат одлука со која ќе му се овозможи на судот да ги продолжи непречено своите процеси.

– Пратениците беа подготвени да овозможат правдата за 27 април да се тера до крај, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање за одземање на имунитетот на обвинетиот пратеник Трајко Вељаноски. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, должи одговор на јавноста, на граѓаните, зошто ја прекина седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски и зошто дозволи да настане неред на синоќешната седница, истакна Митревски.

Додаде дека за Велјановски мора да важат истите процедури и правила како и за секој друг пратеник и оти Собранието мора да постапува како што постапувало секогаш за сите други пратеници кои биле обвинети и за кои се барало одлука за нивна одговорност.

– Поради ова, во Собранието денеска нема услови да продолжат останатите активности, рече Митревски.

Back To Top