skip to Main Content

(Видео) Русковска: Баравме притвор за Атанасовски поради опасност од бегство, ќе ја прошириме истрагата

(Видео) Русковска: Баравме притвор за Атанасовски поради опасност од бегство, ќе ја прошириме истрагата
  • 05.12.2018

Во вестите во 23.30 часот на 1ТВ, за апсењето на Владимир Атанасовски изјава даде обвинителката Вилма Русковска, која всушност е обвинителката која побара да му биде определен притвор оради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци.

-Тоа го образложувам со самиот факт што обвинетиот, како поранешен директор на УБК, сигурно има стекнато доста пријатели по слични такви служби, во регионот и пошироко, дека е запретена минимална казна затвор од 4 години и според Обвинителството, тоа е доволен основ дека истиот може да се даде во бегство. Под точка два дека ќе влијае врз сведоци, или за да ги уништи трагите од кривичното дело, затоа што, ќе се повторам, како поранешен директор на УБК и тоа како е вичен во тие работи. Трето, дека ќе го повтори кривичното дело – тој навистина не е повеќе директор во УБК, но како поранешен директор, сепак има големо влијание врз дел, како од вработени таму, но и меѓу луѓето. Знаеме дека секојдневно се одржуваат мирни протести пред Собранието, како што беа мирни и од иницијативата „За заедничка Македонија“, но сепак кои ескалираа во крваво насилство, изјави Русковска.

За шпекулациите за барање притвор за повеќе лица од УБК и од Петтата управа, обвинителката потврди дека истрагата ќе биде проширена.

-Никола Бошковски беше споменат од сите обвинети што даваа исказ вчера и тие имале директни контакти со него. Синиша Алексовски вчера, и самите сте свесни дека вчера беше споменат дека некој разговарал со него, па ја пренел информацијата. Не можеме да ги ставиме на исто рамниште споменувањето на едниот и на другиот, рече Русковска и додаде дека обвинителството нема други докази за наводите дека упадот во Собранието бил исцениран од кабинетот на претседателот Иванов заради прогласување на воена состојба.

Како што објасни, предистражната постапка за организаторите на упадот на 27 април сѐ уште трае, а апсењето е резултат на вчерашното сведочење на двајца осомничени кои го посочиле Атанасовски како организатор на насилствата во Собранието.

Целиот разговор со обвинителката погледнете го во видеото.

Back To Top