skip to Main Content

(Видео) Прослава на животот на Горан Стефановски во Дебар Маало

(Видео) Прослава на животот на Горан Стефановски во Дебар Маало
  • 27.04.2019

Со изложба на фотографии, интервјуа и видео предавања, пред општина Центар се одбележа роденденот на Горан Стефановски. Прославата на животот на еден од најистакнатите македонски драмски писатели на едно место собра голем број почитувачи на неговото животно дело. Покојниот писател и професор ќе има светло место во македонската историја, па токму овој настан беше карактеризирано како негово духовно враќање дома.

Настанот беше инициран од неговото семејство, МАНУ и општина Центар. Локацијата беше избрана бидејќи Дебар Маало беше духовно, животно и книжевно врзано за него.

Еден од неговите најблиски соработници и пријатели, актерот Благоја Чоревски, особено е среќен за посадениот јавор во чест на Стефановски.

Горан Стефановски почина по кратко боледување на 66 годишна возраст во Кентербери, Велика Британија. За дописен член на МАНУ беше избран во 2004 година, а беше и  долгогодишен член на Македонскиот ПЕН-центар. Стефановски беше професор на Факултетот за драмски уметности а од 2000 година – професор на Универзитетот во Кент, Англија.

Антонио Крстевски

Back To Top