skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

(Видео) Патот на „Империја” води кон офшор компании

(Видео) Патот на „Империја” води кон офшор компании
  • 12.02.2019

Се стеснува ли обрачот околу актерите во случајот „Империја”. Истрагата против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари веќе е поткрепена со материјални докази, документи за офшор компаниите кои биле основачи на бројни фирми во Македонија преку кои се переле милионски суми пари, како и со изјави на сведоци, велат од Специјалното јавно обвинителство. Неодамна во гостување на 1ТВ обвинителката Лиле Стефанова рече дека истрагата е проширена и дека на нивна адреса почнала да пристига и меѓународната правна помош. Најмногу и тоа позитивно биле изненадени од соработката со Кипар.

-Одлична. Морам да кажам она што е најново во предметот „Империја”, не можам да кажам повеќе детали, меѓутоа еве за среќа и банките од Кипар почнаа да доставуваат податоци за офшор компаните кои се предмет во истрагата „Империја”, меѓу кои се и фирмите Ексико, Фензи и други фирми. Точно е откриено кои се сопстеници. Крајните сопственици се обвинети во предметот „Империја” и паричните средства преку Кипар како наводни странски инвестиции се внесувани во Македонија. Нема да кажам дека поголем дел од нив имаат фирми на свое име и се наоѓаат како крајни сопственици. Само во РМ се претставени како странски инвеститори, рече Стефанова.

Од СЈО велат дека истрагата е за долг временски период и е поделена во два дела. Првиот опфаќа само едно лице и неговите фирми додека вториот почнува од 2009 година па наваму и тоа за кривични дела за перење на пари преку 15 офшор компании од Белизе, Британски Девствени Острови, преку Лихтенштајн, Лугано и Кипар до Сејшелите, кои формираат фирми во Скопје. Најпознатата во јавноста е Ексико на која денес сопственик е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ Инвестмент“ од Лугано. Од СЈО велат дека се испитуваат наодите дали краен сопственик е член на семејството на Сашо Мијалков. Паралелно со делот за перење пари, се води истрага и за злоупотреба на службената положба и овластувањата за „Финзи“, кај што се јавува ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. Таму легнаа и парите од провизијата од опремата за прислушување од Израел.

Весна Велкова Тодоровска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top