skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

(Видео) Ниделмулер: Орбан ќе има проблеми во ЕУ поради одлуката за доделување на азил на Груевски

(Видео) Ниделмулер: Орбан ќе има проблеми во ЕУ поради одлуката за доделување на азил на Груевски
  • 21.11.2018

Гостин во Отворено Студио 1 беше Питер Ниделмулер, член на Европскиот парламент, со кого домаќинот на денот Борјан Јовановски разговараше за случајот „Бегство на Груевски“, давањето на азил, случајот да се пренесе во унгарскиот парламент и унгарските институции.

1ТВ ви го пренесува разговорот:

Г. Питер Нидермулер, може ли да го сметаме за официјално соопштението дека поранешниот премиер Никола Груевски добил политички азил во вашата земја?

Да, за жал, и според мене, тоа е апсолутно неприфатливо, но точно е дека унгарската влада потврди дека г. Груевски доби политички азил во Унгарија.

Како ја објаснувате оваа одлука на унгарската влада?

Мислам дека одлуката е скандалозна, затоа што, како што знаеме, г. Груевски е осуден во Македонија на две години поради корупција и да се земе г. Груевски од Македонија во Унгарија е спротивно на сите закони, на европските закони, колку што сфаќам и против македонските и унгарските закони. Единствената причина за тоа е пријателството меѓу унгарскиот премиер Орбан и г. Груевски. Врз основа на тоа, не е испочитувано европското право. Затоа сме многу против овој азил и мислам дека ова е европски скандал.

Г. Нидермулер, што стои зад овој  голем ангажман на унгарската дипломатија низ целиот Балкан?

Кога зборувате за пријателство, тоа е премногу просто објаснување за ангажманот на г. Орбан и дипломатијата, амо заради пријателство. Можеби е повеќе од пријателство, туку суштината на нелибералната демократија. Г. Орбан е голем застапник на новата идеологија, според која либералната демократија е мртва, па ни треба нова демократија, т.н. нелиберална демократија и мисли дека може сѐ. Но не е така, ќе го изнесеме прашањето пред ЕП и ЕК, затоа што, како што реков, ова не е проблем само меѓу Унгарија и Македонија, туку проблем и за ЕУ и за Европа. Македонија сака да ѝ се приклучи на ЕУ и ние ја поддржуваме во тоа и затоа мораме да разговараме за ова прашање на европско ниво.

Вие сте член на ЕП, од социјалистичката група. Што планирате да направите, затоа што не верувам дека членовите на ЕП од Фидес ќе ја поддржат вашата иницијатива? Кој е вашиот план?

Тоа не е проблем. Се разбира дека групата од Фидес нема да даде поддршка, можеби нема да нѐ поддржи ни ЕПП, но ќе нѐ поддржат Либералите, Зелените и Социјалдемократите. Да напоменам и дека напишав отворено писмо до г. Бибер, претседавачот на ЕПП во ЕП и го прашав што мисли за целото прашање, затоа што, како што реков, ова е европски проблем, а тој е претседавач со ЕПП и мора да каже мислење за овој скандал. Очигледно е дека г. Орбан ќе има проблеми во ЕУ поради оваа одлука, а очигледно е и дека веќе плаќа одредена политичка цена.

Како ја објаснувате оваа подготвеност на Орбан да плати толку голема политичка цена и да донесе ваква одлука.

Мислам дека г. Орбан сакаше да покаже дека може сѐ. Постојано се кара со ЕУ, со Брисел, со целата опозиција во Унгарија. Мислам дека сакаше да покаже дека може сѐ, но мислам и дека политичката цена за ова ќе биде многу висока, затоа што ќе остане уште поизолиран во сопственото политичко семејство отколку што беше до сега, а од друга страна, се разбира, сите ЕУ земји видоа што направи и ќе бидат многу построги кон г. Орбан, неговата партија и неговата влада бидејќи е навистина неприфатливо. Кога станува збор за ЕУ, министерот за надворешни на Унгарија вчера рече дека ниедна земја-членка не го покренала тоа прашање на состанокот на Советот на министри.

Што значи тоа? Дека земјите-членки ќе молчат за одлуката на Орбан да му даде политички азил на Груевски?

Знаете дека комесарот за проширување на ЕУ, г. Хан, веќе издаде официјално соопштении побара од г. Орбан објаснување за тоа што се случило. Тоа беше првиот чекор. Вториот чекор ќе биде на 6 декември, на средбата на Советот и сум апсолутно сигурен дека на средбата најмалку една земја-членка, а дури и претседателството на Советот ќе го стави проблемот на агендата. Сигурен сум во тоа и како што ви реков, ќе го изнесеме проблемот на агендата на пленарната средба на ЕП.

Кога? -Молам? Кога ќе се одржи сесијата на ЕП?

Наредната пленарна средба е на почетокот на декември. Процедурата ќе ја почнеме неделава и на првата или втората средба во декември, пред Божик, ќе разговараме на пленарната седница во ЕП, сигурен сум за тоа.

Уште едно прашање. Какви мерки ќе преземе опозициската Социјалистичка партија во Унгарија за да му се спротивстави на г. Орбан, затоа што очигледно сте незадоволни од оваа одлука?

ЕП и ЕК нема да можат да ја сменат одлуката на унгарската влада, тоа е јасно. Нема да има нова одлука, но тогаш, ако г. Груевски замине од Унгарија и замине во Австрија, Германија, Шведска или која било земја-членка на ЕУ, тамошните власти може да не ја прифатат одлуката на унгарската влада и да ѝ го предадат г. Груевски на Македонија.

Прашањето ми беше за тоа што ќе направи унгарската опозиција во унгарскиот парламент и унгарските институции?

Унгарската влада ќе каже дека една држава членка има право да одлучува за азилот, но имаме и европско право и закони, а одлуката е спротивна на европското право. Сѐ додека сме членка на ЕУ, мора да го имаме пред вид и европското право. Значи ова не е само одлука на Унгарија, ЕУ има можност да каже дека ни треба нова процедура и мораме да ја смениме одлуката, да ја отвориме целата процедура отпочеток, а тоа е нашата цел.

Back To Top