skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

(Видео) Незадоволни граѓани на протест пред Собранието и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ – запален примерок од Договорот за името

(Видео) Незадоволни граѓани на протест пред Собранието и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ – запален примерок од Договорот за името
  • 19.06.2018

Група граѓани го демонстрираа незадоволството од влегувањето во собраниска процедура на договорот со Грција. Додека во Законодавниот дом пратениците одлучуваа за законот, демонстрантите со песни, пароли и извици се противеа на одлуката на парламентарното мнозинство.

Протестот почна пред пладне а половина час подоцна, еден од предводниците на протестот ги повика луѓето да се упатат кон централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Ги прашавме граѓаните зошто одат да протеститраат и пред седиштето на најголемата опозициска партија во земјата.

– Протестирате тука но сега се упатувате кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? – Да бараме поддршка од партијата, како национална партија би требало да не поддржи. Досега не ви дадоа поддршка? – Па како што гледате нема повик, нема ништо да го повика членстовото да излезат. Која партија ви даде поддршка досега? – Да ви кажам незнам, ние преку социјалните мрежи се собираме вака а нема некој што се вика водач, конкретно, вели пред камерата на 1ТВ учесник во протестот.

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше под силно полициско обезбедување. Кордон од полициски службеници ја обезбедуваше зградата уште пред да дојдат демонстрантите. Таму пристигнаа пеејќи ја државната химна.

Во разговор за 1ТВ дел од луѓето кои протестираа изразија незадоволство од односот на партијата кон нив, бидејќи досега не им дале поддршка преку нивните функционери. Тие составија тим од неколку претставници кои побараа да влезат на разговор со претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

– Побарав делегација формирана од тука, народна делегација, да се сретне со него и да побара да го напуштат Собранието и да се придружат на народот во одбрана на Македонија и македонските национални и државни интереси, вели еден од демонстрантите.

– Мора да добиеме, инаку книшките знаат каде ќе ги собираат, ќе ги дадеме сите. Не може тие да не лажат ако седнале на убавите фотелји. Прашање е за државата, прашање е за нашата иднина и за нашите деца и внуци, изјави за 1ТВ учесник во протестите.

– Ова не е ВМРО, Внатрешна Македонска Организација, не е. Уа, Уа!!!, извикуваше еден од луѓето кои протестираа.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги примил претставниците при што им напоменал дека ги поддржува нивните протести, но пратениците од партијата нема да им се приклучат на улиците, туку ќе дејствуваат од Собранието. Демонстрантите од седиштето на опозициската партија подоцна повторно продолжија да протестираат пред Законодавниот дом. Незадоволството граѓаните го изразуваа веќе неколку денови поточно од потпишувањето на договорот со кој се стави крај на речиси три деценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција.

Антонио Крстевски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top