skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Независни Грци со ново лого и нов спот: Црвените линии се нашата гордост

(Видео) Независни Грци со ново лого и нов спот: Црвените линии се нашата гордост
  • 09.01.2019

Црвените линии се централната тема во спотот, но и на новото лого на Независни Грци. Партијата коалициски партнер во грчката Влада, денес објави кус спот за партијата, а пораките што се упатуваат од дел од грчките медиуми се толкуваат како збогување и најава за повлекување од владата.

-Црвените линии се нашата гордост. Црвените линии ја пишуваат нашата историја. Црвените линии ги почитуваат нашите предци. Црвените линии се независноста и нашата сила. Независни Грци, сега, порешителни од било кога, е пораката во спотот објавен од партијата на Панос Каменос.

Состанокот на пратеничката група на Независни Грци е одложен за утре или за задутре.

Додека пак сите погледи за иднината на грчката коалициска Влада се насочени кон средбата закажана за петок на Алексис Ципрас и Панос Каменос.

Back To Top