skip to Main Content

(Видео) На 21-ви април гласачите ќе бидат ставени на тест дали да гласаат по етничка или граѓанска линија

(Видео) На 21-ви април гласачите ќе бидат ставени на тест дали да гласаат по етничка или граѓанска линија
  • 29.03.2019

За три дена почнува претседателската трка. Пендаровски стартува од Крушево, Силјановска од Охрид, а Река од Скопје. Во следните 20-тина денови, тројцата кандидати ќе го минат секој град во Македонија, а на 21 април, гласачите ќе бидат поставени пред тест. Дали ќе се гласа по етничка линија или по граѓански принцип. Според универзитетската професорка Мирјана Малевска, бидејќи има кандидати од две етнички заедници, ќе има одредена поделеност на гласачкото тело во првиот круг.

– Најавата на кандидатите кои припаѓаат на двете етнички заедници говори дека заедничкото тело, барем во првиот круг ќе биде поделено. Тоа е едната ситуација. Граѓански, пак, врз основа на некоја граѓанска визија, меѓу нешто што претставува иднина, така би го дефинирала концептот за НАТО, ЕУ и општество за сите и меѓу концептот на ревизија на ова што е до сега постигнато, тоа го нуди другата опција. И тука ќе се подели гласачкото тело по таа идеолошка или граѓанска основа, објаснува Малевска.

Малевска смета дека партиско-граѓанската коалиција меѓу СДСМ и ДУИ е чекор напред, и позитивно е што партнерите во владата успеале да се договорат за заеднички кандидат бидејќи се договараат за политичка платформа која потоа треба да се испорача.

-Сите се за ЕУ и НАТО, но кога се постави услов, а тој се знаеше уште многу одамна, потребата од консензус за да се реши проблемот со Грција, но и со другите соседи, тоа не се постигна. Не е доволно вербално да се изјасните за ЕУ и за НАТО кога знаете кој е условот на кој треба да се работи. Сега една политичка гарнитура го постигна тоа. Другата политичка гарнитура, најсилната опозициска партија, во практичните чекори не ги поддржува политиките кои водат во таа насока и практично тоа е опструкција, вели Малевска.

Очекувањата на Малевска се дека граѓаните во доволен број ќе излезат на гласање. Прогнозите на експертите се дека ВМРО-ДПМНЕ ќе игра на картата на патриотски чувства, владејачката коалиција на едно општество за сите, а Река ќе биде насочен главно кон албанското гласачко тело.

Антонио Крстевски

Back To Top