skip to Main Content

(Видео) Мицкоски отиде да го посети Јанакиески во болница

(Видео) Мицкоски отиде да го посети Јанакиески во болница
  • 21.02.2019

По денешната физичка пресметка во притворот во Шутка, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во болницата „8 Септември“ дојде да го посети својот сопартиец Миле Јанакиевски, кој беше хоспитализиран со повреди.

Како што јавува новинарот Влатко Чаловски, Мицкоски дошол во болницата да го бара пациентот, иако правилата налагаат дека пристап му е дозволен само на најблиското семејство. Останал во ходникот и тој да чека информација, исто како новинарите.

Од затворската управа потврдуваат дека дошло до инцидент два пати, први Спиро Ристовски го провоцирал Есад Кафеџоли, а потоа и Миле Јанакиески го провоцирал Лирим Красниќи, двајцата осудени за случајот Диво Насеље.

Неофицијално во инцидентот учествувал и Игро Југ.

Јанакиески и Ристовски се во притвор по барање на обвинителката Рускоска, поради поврзаност со упадот во законодавниот дом, а освен нив, во случајот се обвинети Никола Бошковски и Горан Грујевски кои побегнаа во Грција и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, кој не беше спроведен во притвор затоа што го штити пратеничкиот имунитет.

Линковското вклучување можете да го погледнете во видеото.

Back To Top