skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Мицкоски обвинува за пазар за името, Заев вели дека е дволичен

(Видео) Мицкоски обвинува за пазар за името, Заев вели дека е дволичен
  • 10.01.2019

На вториот ден протести на граѓанските здруженија „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“ против уставните промени се приклучи и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој пред присутните порача дека е за влез на земјата во ЕУ и НАТО, но е против менување на уставното име. Најави дека ќе стори сѐ што е во негова моќ да го спречи договорот од Преспа, а во своето обраќање не изостави и да го искритикува владеењето на сегашната власт.

За одлуката на Мицкоски да се приклучи на демонстрантите, премиерот Заев рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ едно кажувал пред меѓународната заедница, а сосема друго пред граѓаните. Тој го повика Мицкоски да биде одговорен и да не предизвикува инциденти.

Демонстрантите предводени од граѓанските здруженија „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“ втор ден протестираат барајќи пратениците да не го дадат својот глас за уставните измени… Тие велат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“… Граѓаните кои денеска протестираа велат дека не отстапуваат од нивните барања, и дека ќе останат пред Собранието.

Back To Top