skip to Main Content

(Видео) Мицкоски: Излезете да гласате за да спречите избор на претседател во Собранието

(Видео) Мицкоски: Излезете да гласате за да спречите избор на претседател во Собранието
  • 19.04.2019

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава повика граѓаните да излезат да гласаат, затоа што, како што вели, иако во изминатите месеци тивко се зборуваше, последниве денови се погласно се говори од страна на експонентите на власта дека, наместо да избираат граѓаните,  можен е избор на претседател во Собранието на Република Македонија.

-Сакам да бидеме на јасно, ова е сценарио за суспендирање на волјата на граѓаните, поништување и укинување на правото граѓанинот директно, на непосредни избори да го избира својот претседател. Добро се знае кој го има мнозинството во Собранието, исто како што се знае и начинот до кој дојдоа до тоа мнозинство. Со ова изборот на претседател ќе се сведе на трговија со услуги наместо да биде јасна волјата на народот изразена непосредно на избори. Сценариото што го најавуваат е повторно да заплашат дека можат и без народот како што тоа го направија со измените на Уставот, реќе Мицкоски.

Тој рече дека станува збор за сценарио на Зоран Заев кое може да се избегне само со масовно гласање на претседателските избори.

-Да се излезе, да се излезе што помасовно во недела, во што поголем број и да се покаже дека народот е главен  и суверен во оваа земја и дека правдата ќе победи, правдата ќе го казни Заевизмот за сето она што го ветија, а не го направија и за се она штетно што испорачаа. Сега е моментот кога треба да се биде гласен и да се преземе судбината во своите раце, изјави Мицкоски.

Back To Top