(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи предложениот закон за корупција

ВМРО – ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за корупција во форма како што сака да го протурка власта, соопшти лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Тој се надева дека СДСМ ќе се повлече од најавата законот да се стави во собраниска процедура со европско знаменце и да се донесе по скратена постапка.
-Овој закон е исклучително важен и треба да ја добие поддршката од сите политички партии. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање. ВМРО-ДПМНЕ има аргументи кои се во согласност со ГРЕКО и со меѓународното право и подготвени сме да ги аргументираме каде било, кога било и со кого било од нашиот политички противник, рече Мицкоски.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.