skip to Main Content

(Видео) Летачкиот Французин не успеа да го помине Ла Манш, ќе се обиде повторно

(Видео) Летачкиот Французин не успеа да го помине Ла Манш, ќе се обиде повторно
  • 25.07.2019

Летачкиот Французин Френки Запата, 110 години по неговиот претходник Луј Беро кој прв го прелета каналот Ла Манш со авион, се обиде да го повтори потфатот на „летачка даска“ на моторен погон за само 20 минути.

Но 40-годишниот иноватор и каскадер падна во водата на половина пат меѓу Сент Маргарет и Довер, при обидот да слета на брод за да дополни гориво.

Franky Zapata stands on his jet-powered flyboard as he takes off

За среќа не се повреди и најави дека повторно ќе се обиде да го прелета Ла Манш наредната недела.

-Си докажавме самите на себеси дека планот е добар. Проблемот е дополнувањето на гориво, мора да се фокусираме на тоа и ќе се обидеме пак наредната недела, изјави тој, а од тимот додадоа дека ја промашил платформата за слетување за само неколку сантиметри.

Запата требаше да го помине Ла Манш со просечна брзина од 140 километри на час, летајќи 15-20 сантиметри над водата.

Претходно, Запата „ја леташе“ даската за време на воената парада на Денот на Бастилја во Париз.

Прв Ла Манш го прелетал францускиот иноватор и инженер Луј Беро во 1909 за што добил награда од 1.000 фунти понудена од весникот Дејли Мејл.

Back To Top