skip to Main Content

(Видео) Иднината на образованието – разговор со Џузепе Новели од универзитетот „Тор Вегара“

(Видео) Иднината на образованието – разговор со Џузепе Новели од универзитетот „Тор Вегара“
  • 20.05.2019

Професоре Новели, вие сте во Скопје по повод меѓународната конференција на која учествува вашиот универзитет Тор Вергата заедно со Американскиот колеџ, зашто постои тесна соработка меѓу вашите две институции, и почетните забелешки, бидејќи вие ја отворивте конференцијата, беа посветени за новите модели на  образованието во рамките на Европа и ЕУ. Кажете ни подетално за целиот концепт. Како ја гледате иднината на образованието во денешно време?

-Ви благодарам. На почетокот да кажам дека сум среќен што сум овде, зашто е чест и задоволство да се дискутира со колегите од Американскиот колеџ, долго време имаме добри односи, и разменуваме студенти, професори и  персонал од административните оддели. Вчера на средбата дискутиравме за иднината на образованието во Европа, тоа е мојата презентација, мојот говор.

И започнав со тоа дека ова се тешки времиња во Европа.Како што знаете, имаме многу проблеми, не само економски, туку и проблемот со емиграцијата, на пример во некои земји како Италија или Шпанија, во моментов ова е многу голем проблем. Дури би рекол дека проблемот е во
заедничките вредности и споделувањето на нешто што порано беше многу постоечки и јасни идеи во Европа. Но, дискусијата е жива и во тек.

-Да, и често проблемот е во концептот на глобализацијата. Таа го менува светот. Тоа во моментов е јасно. Исто така, и образованието го менува светот. Зашто, на пример, еден студент одлучува да студира инженерство или право, медицина… во следните 10 г. сите овие работни места ќе бидам променети. Веројатно ќе откриеме нови работни места, за новите генерации студенти. Заради ова важно е, и го спомнав тоа вчера, важно е универзитетите во Европа да ја смени идејата во смисла на целосно менување на системот на вредности на класичните предмети, класичните степени, и особено сугерирам дека е важно да се стане трансдисциплинарен, интердисциплинарноста.

Да се комбинираат општествените и природните науки.

На пример, знаете дека медицината во моментов е сосем променета. Зашто имате се повеќе податоци, повеќе знаење за протеомика, геномика, и сите сродни науки. Ја сменија медицината. Гледаме во идниот, нов вид медицина-персонализирана медицина.

Таа е медицина за само едно лице. Заради ова, потребен ни е нов вид доктор-клинички научник. Тоа е нова фигура, нов вид на лекар. Заради тоа, мораме да ги споиме: математиката, физиката, хемијата и предметите за медицински доктор. Се враќаме на ренесансниот модел.

-Точно, тоа е почетокот на моделот на универзитетите. И тоа е уште еден аспект кој го дискутирав вчера, само да ја преиспитаме оваа идеја, на средновековните универзитети. Клерските ваганти. “I clerichi vaganti”. Затоа што студентите во средниот век одеа од еден универзитет во друг, тоа
се нови аспекти на универзитетите. Ова се нови аспекти на универзитетите.

-Без граници и бариери…

Точно.

-Нели е тоа суштината на ЕУ? Како го гледате образованието во иднина во ЕУ?

-Точно. Вчера го претставив првиот модел на новиот универзитет на иднината. Го презентирав новиот модел,
името е YEURUN.

-Young European University Reseаrch.

Тоа е мрежа на 18 млади универзитети во Европа. Решивме цврсто да се поврземе во поглед на студенти, професори, буџет и други работи, и еден од нашите студенти кој ќе влезе во овој механизам, на пример ќе влезе во Тор Вергата во Рим, ќе помине 6 месеци на нашиот универзитет и по еден семестар ќе оди на размена во Мастрихт, на пример, на дополнителни 6 месеци. И потоа во Андверт, или Бремен, Берлин. И на крајот на курсот, по 3 или 4 г. ќе ја добиете вашата диплома, и дипломата е потпишана од 7 различни ректори. Ова е вистинскиот Европски студент.

Ова е еден вид додадена вредност на науките, но исто и еден вид општествена наука која ќе се роди низ овој вид на мрежа за размена?

Да, решивме да провериме, на пр. дали е ова потребата на студентите да учат за специфичен материјал, т.е. определена лабораторија.

Ако не постои на мојот универзитет, може да побара да оди во Мастрихт. Да помине некое време во  таа лабораторија. Тоа е фантастично.

-Како влијае технологијата во овие процеси? Во некоја предвидлива иднина, можеме да очекуваме да немаме објекти на универзитетите? Физички згради? Дали ќе се оди во таа насока? Или што?

-Тоа е важно. 40 региони во една мрежа. Зошто е невозможно секој универзитет од секоја земја во Европа да има сè што ви треба. Тоа е невозможно. На пример, кај физиката, потребна ни е многу важна густина на инструменти, лаборатории, и луѓе кои ќе работат.

На пример, моделот на ЦЕРН во Женева е сличен на нашата идеја од новиот универзитет. Затоа што универзитетите се многу важни, тие се мотор на економијата. Тие се местото каде што вие селектирате таленти, идеи, иновации-сето тоа е родено на универзитетите.

Кои се пречките за овој концепт? Има ли универзитети кои се против ова, зашто имаат поинаков модел на бизнис, образование и тн?

Некои од нив се многу влијателни и добро познати универзитети? Дали ќе има некаква тензија?

-Да, зашто имаме 2 различни аспекти во Европа. Имате многу важни и многу  стари универзитети, како Саламанка, Болоња, Оксфорд, и многу други со стара традиција, што е поинаку од нашиот модел. Нашиот модел е динамичен модел на универзитет. Зашто младите универзитети се динамични,
флексибилни, тие се многу активни во рангирањето, особено се сконцентрирани во некои особени аспекти. Старите универзитети имаат важна
традиција, историја,тоа е многу важно но тоа е поинаков модел.

Како ќе биде во однос на цените за студентите? Ќе бидат ли поотворени и веројатно поефтини, за да се демократизира можноста за пристап кон овој вид на нов модел на образование?

-Тоа е важно прашање. Во нашиот систем размислиме да составиме буџет, во поглед на прием на студенти,и секој универзитет да инвестира во стипендии за студентите со цел да им се даде шанса на многу луѓе на многу студенти, независно од потеклото на семејствата, на економските вредности. Да имаат пристап до овој систем. Тоа во моментов не е едноставно, но работиме на тоа.

Како е различно од веќе постоечката мрежа на размена, како Еразмус на пр.? Што е додадената вредност на овој концепт?

-Ова е поинаку од Еразмус, зашто кај Еразмус имате еден период, тоа е само искуство, но завршува, и се враќате да студирате во вашиот матичен Ова е поинаку. Овде се вистински европски студенти, бидејќи сте студенти на сите овие универзитети. Со истата картичка имате пристап до библиотеките на секој универзитет. Имате пристап до други услуги и установи, на пример, до рестораните на секој универзитет. Многу повисоко ниво на интеграција,
всушност.

-Да, точно.

Последно, но не помалку важно. Како ЕУ реагира на овие сугестии и предлози за овој модел? Наоѓате ли поддршка за вашите идеи?

Да. Ова е идеја на Макрон, зашто тој ја презентираше оваа идеја пред 2 г. и ја убеди Европеската агенција да
инвестира во ова, и сега имаме јавен повик и 30 милиони дол. ќе бидат инвестирани во следните 6 г. за да се постигнат овие цели. Европејците се убедени во ова.

Значи, ова станува реалност?

-Да. Јавниот повик е објавен, Ние партиципираме и сега чекаме на резултатите на овој повик. Но ова е важно и за вас и вашата земја, на пример.

Во јуни ќе ја почнете иницијативата за да станете членка на Парламентот и имате силни врски со нашиот универзитет, Американскиот колеџ, на пр. Ова може да е корисно во поглед на вредностите. Зошто ќе го ставите ова во вашето портфолио за Европа.

Ви благодарам многу, г-не.

-И мене ми е чест. Фала.

 

Back To Top