skip to Main Content

(Видео) Законот за јазици ја бранува и јавноста и коалицијата СДСМ-ДУИ

(Видео) Законот за јазици ја бранува и јавноста и коалицијата СДСМ-ДУИ
  • 23.01.2019

Законот за јазици повторно ја разбранува јавноста. Денеска собрaнискиот спикер Талат Џафери освен што се произнесе за Закнот најави дека наскоро ќе почне и собраниските седници да ги води на албански јазик. За испраќањето на Законот до Венецијанската комисија вели дека Владата не постапла спротивно на Уставот.

– Сметам дека во смисла на уставноста, постапката за упатување на било кој законски проект во комисијата нема никаква пречка и спротивност со уставот. За поконкретни причини ќе се обратите до Владата. Сувишно е да се произнесе собранието за надлежностите на Владата. Јас сум ги користел комбинирано двата јазика уште од 2017 кога бев избран. И кога немаше закон ја водев седницата комбинирано. Немало пречка околу тоа. Но како законодавен дом, мораме да почекаме законски да се имплементира, рече Џафери.

Во меѓувреме се подгреаа и шпекулациите дали Законот за јазиците ги скара коалициските партнери, СДСМ и ДУИ, откако вицепремиерот Османи рече дека законот не треба да се испраќа до Венецијанската комисија и формираше тело за негово имплементирање само од министри Албанци. Според премиерот пак Законот за јазиците не треба да биде имплементиран на шверцерски начин, ниту пак некој да се кити со туѓи перја.

Мојот пријател и потпретседател на Владата заборавил на заклучокот од Влада, зошто немаме предрасуди, ништо не треба да правиме шверцерски. Јас како прв претставник на Владата мислам дека законот е уставен. Уставот го дефинира албанскиот јазик како втор официјален јазик, за меѓународна употреба само македонскиот јазик, прв е македонскиот, употребата е јасно разграничена, рече Заев.

Денеска владиниот портпарол Бошњаковски вели дека нема криза во владината коалција.

Вчера имавме владина седница на која работите тековно функционираа. Како некој толкува одредени изјави, тоа е во рамки на слободата на изразувањето, на вас медиумите и на новинарите. Работата на Владата е тековна и немаме никакви проблеми, рече Бошњаковски.

Владата чека одговор од Венецијанската комисјата дали Законот за јазици е според европските стандарди

Весна Велкова Тодровска

Back To Top