skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Законот за попис до крајот на неделава на Комисијата за европски прашања

(Видео) Законот за попис до крајот на неделава на Комисијата за европски прашања
  • 17.06.2019

До крајот на неделава Законот за попис ќе се најде на дневен ред на Комисијата за европски прашања. Информацијата за 1тв  ја потврдија собраниски извори. Неофицијално, од парламентарното мнозинство велат дека нема да чекаат евентуални средби меѓу власта и опозицијата за договор за Законот за попис. Додаваат дека доколу ВМРО-ДПМНЕ има забелешки на одредени делови на Законот може да поднесе амандмани кои ќе бидат разгледани на Комисијата за европски прашања. Најголемата забелешка на опозициската партија е попишувањето – во посебна графа на граѓани кои се повеќе од една година надвор од Македонија. Најавија и бојкот, бидејќи како што велат предлог законот не е според ОН и Евростат.

Oдржувањето попис вон европските стандарди е дел од политичкиот пазар за опстојување на Зоран Заев на власт. Во насока на средбата во Тетово за којашто нема одговор од Заев, се надоврзува и фактот, дека Република Македонија повторно остана без преговори за членство во ЕУ, а вицепремиерот се закани дека во таков случај постои опасност државата да се распадне, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

За власта пак Предлог законот е според европските стандарди.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои навиваат за неуспех, единствените кои работат против интеграција во обид да ја вратат државата назад во темното минато на изолација. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од напредокот од развојот и интеграцијата, на спротивната страна од граѓаните и нивните интереси, пишува во партиското соопштение на СДСМ.

Предлог законот кој предвидува комбинирано попишување, етничка графа, но и попишување на иселените од државата од страна на роднини доколку ги имаат личните податоци – според директорот на статистика Апостол Симовски е европски.

Законот за попис во октомври минатата година беше 40 дена на јавен упис, а им беше доставен и на сите политички партии. Немавме ниту еден приговор за Законот, рече Директор за завод за ревизија, Апостол Симовски.

Од Државниот завод за статистика за 1 тв велат дека пробниот попис кој се одвива веќе трет ден тече без проблеми и дека пописните тимови се добро примани од попишуваните семејствата. Пробниот попис кој е спроведува во 13 општини ќе трае до крајот на месецов.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top