(Видео) Заев: Тоа беше груевизам до доцна во ноќта, бараа амнестија за сите

Груевизам до доцна во ноќта, барање против секоја логика, против ЕУ и НАТО, против вредностите и принципите, вака премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција го оцени исходот од синоќешната лидерска средба и единствениот услов, кој, како што рече, го поставил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Разочаран сум од исходот на лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите на своите претходници. Се потрудивме да излеземе во пресрет, но ВМРО-ДПМНЕ единствено бара предметите на СЈО да дојдат под нивна контрола, да запрат сите предистраги и истраги, криминалот да го заташкаме. Тоа не смееме да го дозволиме, рече Заев, додавајќи дека правда и правна држава мора да има и ќе има.
Според него предметите од СЈО ќе продолжат да се процесуираат.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.