skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

(Видео) Заев: Ветив инклузивен процес за уставните промени

(Видео) Заев: Ветив инклузивен процес за уставните промени
  • 21.10.2018

Премиерот Зоран Заев изрази оптимизам дека нацрт-амандманите на Уставот Владата ќе ги достави до Собранието во рок пократок од 15 дена, за да се забрза процедурата. Тој исто така очекува во наредните фази да расте мнозинството за поддршка, затоа што отворањето на уставните амандмани со секоја фаза ќе потврдува дека во нив нема ништо скриено.

-Јас им ветив на пратениците дека ќе имаме инклузивен процес, каде што ние од Владата ќе дојдеме во Парламентот, со отприлика скицираните очекувања од самите амандмани во согласност со Договорот од Преспа, ќе седнеме заедно и власта и опозицијата да ги направиме нацрт амандманите, рече Заев.

За барањата на осумте пратеници од опозицијата за да го поддржат отворањето на Уставот, премиерот вели дека четирите точки ги прочитал многу внимателно.

-Ќе седнеме заедно со стручните луѓе. Верувам дека ќе бидат инкорпорирани затоа што тоа што го прочитав апсолутно нема пречки и верувам дека ќе бидат добра алатка за да се надоградиме заедно и заедно да ја гласаме конечната верзија на уставните промени, изјави Заев.

Тој уште еднаш апелираше опозицијата да се вклучи во процесот кој ќе ги обезбеди стабилноста и напредокот на Македонија.

Back To Top