skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг
Евакуирана Операта во Сиднеј поради истекување на гас
Ден на национална жалост во Шри Ланка
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Заев: Верувам дека имаме шанси да избереме кандидат за претседател што ќе го поддржат сите граѓани

(Видео) Заев: Верувам дека имаме шанси да избереме кандидат за претседател што ќе го поддржат сите граѓани
  • 12.02.2019

Премиерот Зоран Заев, пред почетокот на седницата на Извршниот одбор на СДСМ рече дека вечерва ќе дискутираат и по анализите и разговорите со меѓународните партнери, верува дека вечерва партијата ќе донесе одлука за барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

Во врска со претседателските избори, Заев изјави дека на негов предлог, СДСМ ќе почне разговори со политичките субјекти во државата, не само коалициските, туку и со вонпарламентарните, дури и опозициските партии, за евентуален избор на консензуален претседател.

-Да се обидеме да изнајдеме, преку заедничка анализа, кандидат кој чувствуваме дека би бил поддржан од сите граѓани. Кога велам „сите“, зборувам за сите етнички заедници, сите социјални групи итн. Се работи за претседател на државата, тоа е првата функција во државата. Верувам дека имаме шанси да успееме.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top