skip to Main Content

(Видео) Заевизам – еден од зборовите кои Силјановска најчесто ги користи во јавните настапи

(Видео) Заевизам – еден од зборовите кои Силјановска најчесто ги користи во јавните настапи
  • 11.03.2019

„Заевизам“ е еден од најчестите зборови кои ги користи претседателскиот кандидат на опозицијата Гордана Силјановска. Иако кампањата за изборите се уште не е почната сепак таа секојдневно објавува видеа на кои говори пред присутни во повеќе градови од земјата. А на средбите таа најмногу критики упатува кон работата на Владата, а неизоставен дел од нејзините обраќања е и договорот од Преспа и како што вели демакедонизацијата на државата. Говорите на Силјановска пак не го изненадуваат политичиот аналитичар Петар Арсовски кој вели дека таа не може да се одлепи од реториката која исто така ја користи партијата која ја избра за кандидат. Арсовски вели дека реториката е дел од координирана стратегија меѓу Мицкоски и Силјановска.

– Мојот впечаток е дека опозицијата ќе води условно речено парламентарна кампања. Целта на опозицијата е во првиот круг да консолидира значаен број гласови за да покаже дека е се уште жива, активна, под контрола, и заради тоа што сегашното раководство сака да ја консолидира својата позиција внатре. Од таму логично е нивната претседателска кампања да биде поли-претседателска но и полу-парламентарна. И реториката на нивниот претсеадтелски кандидат очекувам во голем дел да се фокусира на политиките на владата. Од таму е и ова лепење со заевизмот на Гордана Силјановска и на Мицкоски која е некаква координирана стратегија, вели Арсовски.

Но освен Силјановска, активен на терен е и нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски. Тој се уште не ги коментира своите противници, бидејќи за тоа ќе го чека почетокот на кампањата. Но, се надева дека нема да биде цел на валкана и црна кампања.

– За Силјановска и Блерим Река, кои се мои противкандидати, ќе коментирам од први април па натаму. Не би сакал претходно да кажам што мислам за нив. Сакам да бидат оптимист и да се надевам на тоа. Од моја страна нема да има ниту еден обид за валкана кампања, вели Пендаровски.

Претседателската трка почнува на 1-ви април а првиот круг ќе се оддржи на 21-ви. Досега само тројца претседателски кандидати успеаја да соберат над 10 илјади потписи, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска и Блерим Река.

Антонио Крстевски

Back To Top