skip to Main Content

(Видео) ДИК: Излезноста до 17 часот е 35,13%

(Видео) ДИК: Излезноста до 17 часот е 35,13%
  • 21.04.2019

До 17 часот, до ДИК пристигнале податоци од 79,73% од избирачките места, на кои се запишани 1.414.152 избирачи. Правото на глас го искористиле 496.774 или 35,13% од гласачите. Како што информираат од ДИК, доколку се следи трендот на процентуална излезеност, кога би биле обработени 100% од гласовите, би значело дека на гласање излегле околу 600.000

Најголема излезеност е забележана во општините Крива Паланка со 57,82%, Демир Капија 52,78%, Демир Хисар 51,94%, Крушево 50,64%, Новаци 53,73%, Прилеп 50,30%, Вевчани 50,93%.

Најниска излезност е забележана во Липково каде што гласале 13,55 од гласачите, Желино 13,62%, Центар Жупа 12,67% и Пласница 12,04%.

Во општините Охрид, Ново Село и Дебар се одржуваат предвремени избори за градоначалник. Излезноста до 17 часот на овие избори во Охрид е 44,74%, во Ново Село 41,93% и во Дебар 36,31%.

 

Back To Top