skip to Main Content

(Видео) Девет загинати во пожарот во Калифорнија, се евакуираа Ким Кардашијан и Лејди Гага

(Видео) Девет загинати во пожарот во Калифорнија, се евакуираа Ким Кардашијан и Лејди Гага
  • 10.11.2018

Најмалку девет луѓе загинаа во пожарот што од четвртокот беснее во северна Калифорнија, додека на југ, познатото летувалиште Малибу е загозено од друг пожар што брзо напредува.

– Моја тажна задача е да потврдам дека досега имаме девет загинати, изјави Кори Хонеи шериф на округот Бат.

Полицијата пронашла синоќа пет жртви во градот Перадајз северно од главниот град Сакраменто, каде што 26.000 жители добија наредба за итна евакуација.

Тројца загинати се пронајдени вчера пред една куќа и уште една во куќа. Загинати се најдени и во нивните автомобили, во обид да побегнат од огнената стихија. Десетици други се сметаат за исчезнати.

Шестотини километри појужно близу Лос Анџелес, градот Малибу е во состојба на тревога поради силен пожар што изби претходниот ден на 20-на километри северно. Неколку познати личности кои живеат таму мораа да бидат евакуирани, меѓу нив и Ким Кардашијан, Алиса Милано, Лејди Гага, Вил Смит и мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо.

Вкпно повеќе од 150.000 луѓе мораа да бидат евакуирани во Калифорнија.

Back To Top